Saturday, January 30, 2016

Внатрешна градба на листот

Внатрешноста на листот може да се види во пресек на лисот и под микроскоп.На горниот и долниот дел од листот може да се види епидермис, додека меѓу горниот и дониот епидермис има мезофил (грч.-мезо=среден). Сите клетки кои се наоѓаат во мезофил имаат хропласти во кои листот врши фотосинтеза. Кон горниот епидермис мезофилните клетки се нарекуваат палисадни клетки.Вака изгледа  пресек на листот под микроскоп


Wednesday, December 2, 2015

биологија - растителните клетки се поврзуваат во ткива

Во природата среќаваме разновидни растенија , кои се разликуваат по висината, брзината на растење,цветање...
Кај растенијата секоја нова - млада клетка се специјализира за нова посебна задача или функција. 
Едно ткиво е составеноод клетки кои имаат слични форми и големина а и извршуваат иста функција. Кај растенијата се застапени следниве ткива:

  1. Површински ткиво
  2. Спроводно ткиво
  3. Механичко ткиво
  4. Ткиво за растење


Wednesday, November 25, 2015

билогија - вируси

Вирусите се микроспски честички кои се на граница меѓу живото и неживото.Тие не се вбројуваат во ниту едно од петте царства на живиот свет. Вирусите најчесто предизвикуваат болести за кои нема соодветни лекарства, и покажуваат знаци на живот само кога се во организмот, додека надвор од клетката тие се неактивни во вид на кристални вируси.


Friday, November 20, 2015

Сликајте се со жива тарантула уште овој викенд

Thursday, November 19, 2015

биологија - растителна клетка

Растителната клетка има неколку основни елементи и тоа :
  • јадро 
  • цитоплазма
  • клеточен ѕид
  • вакуола
  • хлоропласти 

Особиности на растителна и животинска клетка

биологја - животинска клетка

Животинската клетка е исградена од:
  • Јадро
Јадрото го има во секоја клетка. Јадрото е обвиткано со јадренаобвивка со пори. Во јадрото се сместени хромозомите и гените кои ја носат генетскатаинформација (наследувањето). Во гените се сместени и контролните механизми за управување со различните животни процеси кои се одвиваат во клетката.
  • Kлеточна мембрана
Клеточната мембрана(празмалема) ја одделуваат цитоплазмата од надворешната средина (едноклеточни организми) или од нејзината внатрешна средина (многуклеточни организми), таа претставува повеќе од пасивна бариера. Преку неа се одвива транспортот на предходно селектирани материи, а тоа е резултат на нејзината градба и на различна концентрација на материи од двете страни. Преку неа се воспоставува контактот со соседните клетки кој е неопходен за зачувување на интегритетот на организмот. Течниот дел од цитоплазмата во кои се растворени голем број минерални материи се вика цитосол. Делот од цитоплазмата непосредно под клеточната мембрана е изграден од мрежа микрофиламенти(тенки нишки) и се нарекува кортекс или ектоплазма. Таа има желатинозна конзистенција и на клеточната мембрана и ја дава потребната цврстина. Додека делот од цитоплазмата меѓу кортексот и мембраната на јадрото се вика ендоплазма.
  • Цитоплазма
Цитоплазмата е полутечна маса со зрнеста структура, изградена од вода иминерални соли, неоргански и органски материи: шеќери, масти и белковини. Зрнестатаструктура на цитоплазмата ја сочинуваат посебни делчиња органели во кои се вршатживотните процеси. Цитоплазмата заедно со јадрото ја сочинуваатпротоплазмата на клетката.