Thursday, November 19, 2015

биологја - животинска клетка

Животинската клетка е исградена од:
  • Јадро
Јадрото го има во секоја клетка. Јадрото е обвиткано со јадренаобвивка со пори. Во јадрото се сместени хромозомите и гените кои ја носат генетскатаинформација (наследувањето). Во гените се сместени и контролните механизми за управување со различните животни процеси кои се одвиваат во клетката.
  • Kлеточна мембрана
Клеточната мембрана(празмалема) ја одделуваат цитоплазмата од надворешната средина (едноклеточни организми) или од нејзината внатрешна средина (многуклеточни организми), таа претставува повеќе од пасивна бариера. Преку неа се одвива транспортот на предходно селектирани материи, а тоа е резултат на нејзината градба и на различна концентрација на материи од двете страни. Преку неа се воспоставува контактот со соседните клетки кој е неопходен за зачувување на интегритетот на организмот. Течниот дел од цитоплазмата во кои се растворени голем број минерални материи се вика цитосол. Делот од цитоплазмата непосредно под клеточната мембрана е изграден од мрежа микрофиламенти(тенки нишки) и се нарекува кортекс или ектоплазма. Таа има желатинозна конзистенција и на клеточната мембрана и ја дава потребната цврстина. Додека делот од цитоплазмата меѓу кортексот и мембраната на јадрото се вика ендоплазма.
  • Цитоплазма
Цитоплазмата е полутечна маса со зрнеста структура, изградена од вода иминерални соли, неоргански и органски материи: шеќери, масти и белковини. Зрнестатаструктура на цитоплазмата ја сочинуваат посебни делчиња органели во кои се вршатживотните процеси. Цитоплазмата заедно со јадрото ја сочинуваатпротоплазмата на клетката.



    No comments:

    Post a Comment