Wednesday, November 25, 2015

билогија - вируси

Вирусите се микроспски честички кои се на граница меѓу живото и неживото.Тие не се вбројуваат во ниту едно од петте царства на живиот свет. Вирусите најчесто предизвикуваат болести за кои нема соодветни лекарства, и покажуваат знаци на живот само кога се во организмот, додека надвор од клетката тие се неактивни во вид на кристални вируси.


Friday, November 20, 2015

Сликајте се со жива тарантула уште овој викенд

Thursday, November 19, 2015

биологија - растителна клетка

Растителната клетка има неколку основни елементи и тоа :
  • јадро 
  • цитоплазма
  • клеточен ѕид
  • вакуола
  • хлоропласти 

Особиности на растителна и животинска клетка

биологја - животинска клетка

Животинската клетка е исградена од:
  • Јадро
Јадрото го има во секоја клетка. Јадрото е обвиткано со јадренаобвивка со пори. Во јадрото се сместени хромозомите и гените кои ја носат генетскатаинформација (наследувањето). Во гените се сместени и контролните механизми за управување со различните животни процеси кои се одвиваат во клетката.
  • Kлеточна мембрана
Клеточната мембрана(празмалема) ја одделуваат цитоплазмата од надворешната средина (едноклеточни организми) или од нејзината внатрешна средина (многуклеточни организми), таа претставува повеќе од пасивна бариера. Преку неа се одвива транспортот на предходно селектирани материи, а тоа е резултат на нејзината градба и на различна концентрација на материи од двете страни. Преку неа се воспоставува контактот со соседните клетки кој е неопходен за зачувување на интегритетот на организмот. Течниот дел од цитоплазмата во кои се растворени голем број минерални материи се вика цитосол. Делот од цитоплазмата непосредно под клеточната мембрана е изграден од мрежа микрофиламенти(тенки нишки) и се нарекува кортекс или ектоплазма. Таа има желатинозна конзистенција и на клеточната мембрана и ја дава потребната цврстина. Додека делот од цитоплазмата меѓу кортексот и мембраната на јадрото се вика ендоплазма.
  • Цитоплазма
Цитоплазмата е полутечна маса со зрнеста структура, изградена од вода иминерални соли, неоргански и органски материи: шеќери, масти и белковини. Зрнестатаструктура на цитоплазмата ја сочинуваат посебни делчиња органели во кои се вршатживотните процеси. Цитоплазмата заедно со јадрото ја сочинуваатпротоплазмата на клетката.



    биологија - клетка

    Клетката е основна структурна и функционална единица на сите живи организми. Таа е најмал жив биолошки систем. Прв терминот клетка го употребил англискиот научник Роберт Хук. Сите организми се изградени од клетки, и тоа едноклеточните од една, а многуклеточните од повеќе клетки кои се наоѓаат во тесна, заемна зависност. Бидејќи го содржат целокупниот наследен материјал, клетките се способни за саморепродукција (делба на клетките).